Еурофарм Пелистер доживеа два тешки порази на првите натпревари во Лигата на шампионите. На првиот натпревар загубија од норвешки Колштад, а потоа и од дански Алборг.
Вечерва на домашен терен ги очекува тежок натпревар против германскиот великан Кил.
Еден од најискусните во германскиот гигант капитенот Домагој Дувњак, изјави дека очекува пеколна атмосфера во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
„Гледав многу натпревари на Еурофарм Пелистер во изминатите неколку години. Во салата нè очекува пекол. Очигледно вистинска атмосфера за искусни познавачи на ракометот. Јас искрено ќе уживам во одличната атмосфера, а сигурен сум дека и другите момци ќе се забавуваат и ќе дадат сè од себе 60 минути. Нè чека натпревар против навистина добар тим. Двата пораза на Еурофарм Пелистер на стартот не значат ништо. Очекувам тежок натпревар во кој треба да бидеме многу фокусирани“, истакна хрватскиот бек Домагој Дувњак