Српскиот шампион Јагодина славеше во Суперкупот на Србија против Наиса, со убедливи 32-15. Јагодина од 2019 година досега ги освои сите титули во првенството, купот и суперкупот на Србија.
Македонската голманка Драгана Петковска, пред неколку дена потпиша за српскиот шампион и одма стигна до титула.