- 44. издание на еднодневната велосипедска трка ,,Дридаагсе Бриж – Де Пане” донесе двојна победа за ,,Декојнинк-Квик-Степ” и тројна победа за домашната држава – Белгија.
Имено, Ивес Лампаерт ја помина патеката од 202,6 километри за време од 3:57:12 и стана петнаесеттиот различен победник за ,,Декојнинк-Квик-Степ” оваа сезона.
На втората позиција заврши неговиот сонародник и тимски колега, Тим Деклерк (+0:21), а како трет се пласира возачот на ,,Алпесин-Феникс” – Тим Мерлие (+0:22).
Во првите десет, кои воедно беа и единствени со заостаток помал од една минута, завршија уште: Дегенколб, Друкер, Трентин, Ван Лерберге, Кунг, Асгреен и Рикаерт.