Првото коло од новата сезона на англискиот Чемпионшип го отворија Барнмут и ВБА со реми од 2-2.
И двете екипи важат за кандидати за промоција, а нивната денешна игра го оправда овој епитет.
Пред публиката на ,,Виталити Стадиум”, Барнмут двапати успеваше да поведе, додека ВБА израмнуваше во два наврати.
Првиот гол на мечот, а воедно и во сезоната 2021/22, го постигна Емилијано Маркондес (12′), кој дебитираше во дресот на Барнмут по заминувањето од Брентфорд.
До крајот на првото полувреме, мрежата на Марк Траверс ја затресе Дара О’Шеј (33′), кој погоди за 1-1.
Исто како и во првиот, така и во вториот дел, ривалите постигнаа по еден погодок.
Второ водство на домашниот состав му донесе Филип Билинг (52′), а петнаесет минути подоцна, Калум Робинсон (67′) го постави конечниот резултат.