Струга 2020 – Прилеп започна со победа против домаќинот

На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи. Екипата на Прилеп со победа стартуваше на Струшкиот ракометен турнир славејќи против домаќинот со 32-28 (полувреме 17-14).